Во првите 18 месеци од склучување на договорот за закуп на 5.353 хектари земјоделско земјиште на некогашниот комбинат „Џумајлија“, индиската компанија „Сахара груп“, односно нејзината ќерка фирма во Македонија ќе има обврска да има најмалку 8.000 крави, да вработи 900 вработени и да инвестира најмалку 60 милиони евра. Во спротивно ќе ~ биде активирана банкарската гаранција во висина од 5 отсто од планираните инвестиции за првата една и пол година, односно во износ на 3 милиони денари. Ова е предвидено во договорот кој е објавен на интернет-страницата на Министерството за земјоделство, а кој треба да биде потпишан меѓу Република Македонија и фирмата која е во сопственост на индискиот бизнисмен Субрата Рој. Инаку, во договорот се предвидени обврски за период од три години. Па така, по првичната инвестиција, ќе треба да се вложат уште 70 милиони евра до истекот на 27 месеци и уште толку до истекот на 36 месеци.
Во првите 18 месеци од склучување на договорот за закуп на 5.353 хектари земјоделско земјиште на некогашниот комбинат „Џумајлија“, индиската компанија „Сахара груп“, односно нејзината ќерка фирма во Македонија ќе има обврска да има најмалку 8.000 крави, да вработи 900 вработени и да инвестира најмалку 60 милиони евра.
Во спротивно ќе ~ биде активирана банкарската гаранција во висина од 5 отсто од планираните инвестиции за првата една и пол година, односно во износ на 3 милиони денари. Ова е предвидено во договорот кој е објавен на интернет-страницата на Министерството за земјоделство, а кој треба да биде потпишан меѓу Република Македонија и фирмата која е во сопственост на индискиот бизнисмен Субрата Рој.
Инаку, во договорот се предвидени обврски за период од три години. Па така, по првичната инвестиција, ќе треба да се вложат уште 70 милиони евра до истекот на 27 месеци и уште толку до истекот на 36 месеци. Со тоа вкупната инвестиција во комбинатот од Лозово ќе изнесува 200 милиони евра. Во рок од 3 години бројот на вработените треба да достигне 2.000, а комбинатот ќе треба да има 20.000 крави и дневно производство на млеко од 80.000 литри. Производството на добиточна храна, пак, до крајот на третата година треба да достигне 75.000 тони годишно.
Во договорот е предвидено дека ако бидат исполнети обврските утврдени за првите 18 месеци, „Сахара“ ќе треба да достави нова банкарска гаранција, но за период од 9 месеци и во висина од 5 отсто од инвестициите предвидени за овој период. Гаранција треба да биде издадена од банка која има кредитен рејтинг БББ или еквивалент на тој оценет од рејтинг-агенциите „Фич“, „Стандард и Пурс“ и „Мудис“.
За користење на земјиштето кое му се дава на период од 15 години, со можност рокот да се продолжи за уште толку време, „Сахара“ ќе треба на државата да ~ плаќа закуп во висина од 121 илјада евра и тоа најдоцна до 31 јули секоја година. Закупецот земјиштето ќе мора да го користи за земјоделско производство.
Претседател на групацијата Субрата Рој инаку на прес-конференција пред премиерот Никола Груевски ги најави плановите за инвестиции во земјоделството што вклучуваат и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница.
„Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е одржлив, а особено не сегментот на земјоделството, каде што тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со оглед на геостратешката положба на земјата, можностите за успех на еден бизнис се големи. Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи, само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој.
Инвестицијата на „Сахара груп“ се однесува на обезбедување инфраструктура за извршување земјоделски работи, набавка на машини, изградба на модерна фарма со современ систем на молзење и на најсовремена млекарница за производство на млеко и млечни производи.
Индискиот бизнисмен најави дека млекото и млечните производи покрај во балканските земји ќе се извезуваат и на Средниот Исток, Северна Африка,… Тој подвлече дека покрај сопственото производство на добиточна храна, ќе побараат од околните земјоделци да одгледуваат сточна храна за нив, за што ќе биде обезбедена современа технологија и квалитетни семиња.
- Земјоделците нема ништо да инвестираат, а нивното производство ќе биде зајакнато што дополнително ќе го зголеми нивниот приход. На овој начин сите 35.000 земјоделци во Македонија ќе имаат корист, рече Рој, посочувајќи дека млекарницата ќе содржи совршено точен систем кој ќе покажува евентуални болести или инфекции кај стоката.
Од Министерството за земјоделство најавија дека нивни стручни лица, во соработка со претставниците на компанијата, ќе излезат на терен за да го почнат процесот на воведување на земјиштето во владение, што ќе биде прва активност по депонирање на банкарската гаранција и формалното потпишување на договорот за што „Сахара“ изнајмила посебна геодетска компанија која ќе ја изврши обврската во што е можно пократок рок.